АДВОКАТСКА КАНЦЕЛАРИЈА
"РИСТОВА"

Почитувани посетители

Добредојдовте на официјалната страна на Адвокатска канцеларија “Ристова“. Со оваа веб страна сакаме да ви се приближиме уште повеќе до Вас и да Ви ги презентираме нашите можности во областа на правото и да Ви го претставиме нашиот развој и услугите кои ги нудиме, правните капацитети, а се заради полесна комуникација со Вас. Адвокатската канцеларија “Ристова” е реномирана канцеларија која обезбедува правна заштита пред судовите и административните органи во земјата и во странство. Посветени на потребите на клиентите, ние обезбедуваме благовремена и чесна услуга на начин кој ги гарантира парите и времето на нашите клиенти со исполнување и надминување на очекувањата. Претпознатливи сме по нашата експертиза во однос на трудовото право, правна заштита во работните спорови и мобингот, но исто така поседуваме значајно искуство во областа на граѓанското, кривичното, трговското право, деловното право, правото на индустриска сопственост, финансовото и административното право. Нашата цел е да обезбедиме постојан и одличен квалитет на услугата во сите наши области на работа за целосна корист на клиентите. Независно дали сте во во потрага да ангажирате искусен адвокат и/или сакате информации или совети, ве покануваме да не контактирате во нашата канцеларија.

Ве очекуваме за соработка, Адвокат Маја Ристова.

Интервју За Мобингот Во Република Македонија

ПОЛЕ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ

Адвокатската канцеларија работи во сите области на правото, а особено:

Граѓанско право
  • работни односи и мобинг,
  • статусни промени,
  • основање, спојување и престанок на трговските друштва и други форми на организација,
  • хипотеки и рачни залози,
  • стечај и ликвидации,
  • осигурување,
  • приватизации,
  • концесии
Облигационо право
  • договори,
  • правни мислења,
  • due diligence
Трговско право

 

Финансово право

 

Право на индустриска сопственост, заштита на трговски марки, патенти, дизајни

 

Управно право и управна постапка

 

Застапување пред домашни административни и управни органи и судови

 

Застапување пред меѓународни институции, постојани ад хок судови, меѓународни арбитражи
Кривично право, застапување во полициски станици, пред Јавен обвинител и надлежните судови 24/7 и застапување во кривични дела против:
  • животот и телото,
  • слободите и правата на човекот и граѓанинот,
  • работните односи,
  • честа и угледот,
  • половата слобода и половиот морал,
  • бракот, семејствотото и младината,
  • здравјето на луѓето,
  • имотот,
  • финансии, платен промет и стопанство,
  • општа сигурност на луѓето и имотот,
  • безбедност на јавниот сообраќај,
  • службената должност,
  • правниот сообраќај,
  • јавниот ред,
  • човечноста и меѓународното право
УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ КАНЦЕЛАРИЈАТА
Услугите кои се во домен на Адвокатската канцеларијата во себе вклучуваат особено:
  • Давање на сите правни совети во усмена форма, а по потреба и на барање на клиентот и во писмена форма,
  • Застапување во сите граѓански, кривични, прекршочни, управни постапки, стопански спорови и постапка за извршување,
  • Застапување пред сите државни, административни, судски и органи на локалната самоуправа,
  • Застапување при деловни преговори,
  • Состав на тужби, жалби и сите редовни и вонредни правни лекови,
  • Изготвување и давање мислење за договори, одлуки, изјави и други правни акти,
  • Судско и вонсудско решавање и регулирање на односите помеѓу клиентот и трета страна,
  • Поднесување на иницијативи пред Уставниот Суд на РМ,
  • Застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур и др.
  • Давање на секаков вид на правна помош за предметниот ангажман, врз принципите на доверливост, вистинитост, навременост, ефикасност, точност и законитост,
  • Сите останати, а овде неспоменати дела, кои се во врска со предметот на ангажманот.
Адвокатската канцеларија “Ристова” преку своите надворешни соработници за потребите на своите клиенти врши и работи од административен карактер како:
  • Преводи на документи на скоро сите јазици,
  • Изготвување барање за елаборати,
  • Изготвување барање за вештачења од секаков вид,
  • Пријава и одјава на работници,
  • Вадење тековни состојби, уверенија, потврди, согласности, имотни листови, изводи и се друго што е потребно за нашите клиенти,
  • Упис на недвижности во Кастарскиот операт на РМ и пријава на данокот на имот,

ГАЛЕРИЈА

Извадоци на интервјуа со Адвокат Маја Ристова

КОНТАКТ

* задолжителни полиња

  • Адреса: Мирче Ацев бр. 5/3-17, 1000, Скопје

  • Телефон: +389 75 313 406

  • Емаил: contact@advokatristova.com